2 Самоилова 14:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Јоав, синот Серуин, забележа дека царевото срце се свртува кон Авесалома.

2. Затоа Јоав испрати во Текоа по една умна жена и и рече: „Преправи се како да си во скрб по умрен, облечи тажачки облеки, немој да се мачкаш со масло, туку биди како жена, која е веќе долго време во жалост по умрен.

3. Ќе отидеш кај царот и ќе му речеш вака.” И Јоав и стави во устата нејзина, што да каже.

4. Кога жената од Текое му прозбори на царот, падна ничкум на земјата и се поклони, потоа рече: „Помогни, цару!”

5. Царот ја праша: „Што ти е?” А таа одговори: „Ах, јас сум вдовица. Маж ми умре,

2 Самоилова 14