2 Самоилова 1:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Тогаш Давид го праша младото момче: „Како знаеш дека загинаа Саул и неговиот син Јонатан?”

6. А младиот гласоносец одговори: „Случајно дојдов на гората Гелвуе и го видов Саула како се опрел врз своето копје, а бојните коли и коњаниците го настигнуваа.

7. Саул, обѕрнувајќи се, ме здогледа мене и ме повика, а јас му се одѕвав: ‘Еве ме!’

8. И тој ме праша: ‘Кој си ти?’ А јас му одговорив: ‘Амаликец сум.’

9. Тогаш тој ми рече: ‘Дојди ваму кај мене и убиј ме, зашто ме опфати смртен грч, а душата е уште сета во мене!’

2 Самоилова 1