2 Самоилова 1:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тогаш Давид му рече: „Како не се боеше да дигнеш рака за да го убиеш Господовиот помазаник?”

15. И Давид повика едно од момчињата и му заповеда: „Дојди тука и погуби го!” Момчето го удри, и тој умре.

16. А Давид уште му викна: „Твојата крв врз твојата глава! Твојата уста сведочеше против тебе кога рече: ‘Јас го убив Господовиот помазаник.’”

17. Тогаш Давид ја запеа оваа тажачка за Саула и за неговиот син Јонатан.

18. Запишана е во Праведниковиот книжен свиток, за да ја учат Јудините синови. Давид рече:

19. ”О, како ти падна славата, Израелу, изгинаа јунаци на твојата височина!

2 Самоилова 1