2 Петар 1:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè што ни е потребно за живот и побожност, преку познавањето на Оној, Кој нè повика преку Својата сопствена слава и добродетел,

4. со што ни се подарени скапоцени и најголеми ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа, откако и избегавте на расипаноста, која е во светот, преку сладострастието, кое владее во светот;

5. заради тоа вложете ја сета ревност, и исполнете ја својата вера со добродетел, а добродетелта со знаење;

6. а знаењето со воздржливост; а воздржливоста со трпение; а трпението со побожност;

2 Петар 1