1. Тогаш обичниот народ го зеде Јосиевиот син Јоахаз и го зацари во Ерусалим на местото на неговиот татко.
2. Дваесет и три години му беа на Јоахаз кога се зацари. Царуваше три месеци во Ерусалим.
3. Египетскиот цар го симна во Ерусалим и наложи врз земјата данок од сто сребрени таланти и еден златен талант.
4. Египетскиот цар го постави за цар над Јудеја и над Ерусалим неговиот брат Елијаким, променувајќи му го името во Јоаким; неговиот брат Јоахаз беше земен од Нехао и одведен во Египет.
5. На Јоакима му беа дваесет и пет години кога се зацари. Царуваше единаесет години во Ерусалим; правеше што е зло во очите на Господа, неговиот Бог.
6. Вавилонскиот цар Навуходоносор завојува против него и, откако го врза во двојни железни вериги, го одведе во Вавилон.
7. Дел од посатките од Господовиот Дом ги однесе Навуходоносор во Вавилон и ги стави во својот дворец во Вавилон.