2 Летописи 33:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. На Амона му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше две години во Ерусалим.

22. Правеше што е зло во Господовите очи, како и татко му Манасиј, зашто тој им принесуваше жртви и им служеше на сите кипови на божествата што ги имаше направено неговиот татко Манасиј.

23. Но не се смири пред Господа како што се смири татко му Манасиј, туку уште и ја умножи својата вина.

24. Тогаш неговите слуги се заверија против него и го убија во домот негов.

25. Ама простиот народ ги погуби сите оние кои се заговорија против царот Амон и на неговото место го зацарија сина му Јосиј.

2 Летописи 33