20. Затоа царот Езекија и пророкот Исаиј, Амосовиот син, се помолија и го повикаа небото на помош.
21. Тогаш Господ испрати ангел, кој ги уништи сите храбри јунаци, заповедниците и началниците во војската на асирскиот цар, така што се врати засрамен во својата земја. А кога влезе во храмот на својот бог, го сосекоа таму со меч некои, кои се родија од неговото крило.
22. Така Господ ги спаси Езекија и ерусалимските жители од раката на асирскиот цар Сенахирим и од раката на непријателите, та им даде мир отсекаде.
23. Мнозина им донесуваа дарови на Господа во Ерусалим и скапоцености на јудејскиот цар Езекија. Потоа Езекија се возвиши во очите на сите народи.
24. Во тоа време Езекија се разболе на смрт, ама Му се помоли на Господа, Кој му проговори и направи чудо.