3. Ја изгради Горната Врата на Господовиот Дом; градеше многу и на Офилскиот Ѕид.
4. Соѕида и градови по Јудејската Гора, а во горите дворци и стражарници.
5. Војуваше против царот на Амоновите синови и ги победи. Во таа година Амоновите синови му дадоа сто сребрени таланти и десет илјади кори пченица и десет илјади кори јачмен. Амоновите синови му платија толку и во втората и во третата година.