2 Летописи 26:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш сиот јудејски народ го зеде Озиј, кому му беа шеснаесет години, и го зацарија на местото на неговиот татко Амасиј.

2. Тој пак го изгради Елот, враќајќи и го на Јудеја, откако царот почина при своите татковци.

3. На Озиј му беа шеснаесет години кога се зацари, а царуваше педесет и две години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ехолија, а беше од Ерусалим.

4. Правеше што е право во Господвите очи, сосем како и неговиот татко Амасиј.

5. Го бараше Бога за време на животот на Захариј, кој го учеше на Божји страв; додека го бараше Господа, Бог му даваше среќа.

2 Летописи 26