3. Јосафат се исплаши и почна да Го бара Господа, та прогласи пост по сета Јудеја.
4. Јудејците се собраа да Го бараат Господа: доаѓаа од сите јудејски градови за да Го бараат.
5. Тогаш Јосафат стана во јудејскиот собор во Ерусалим, во Господовиот Дом, пред новиот двор,
6. и рече: „Господи, Боже на нашите татковци, Ти си Бог на небото и владееш над сите кривобожечки царства. Во Твојата рака се таква сила и јачина така што никој не може да се додржи пред Тебе.
7. Ти, о Боже наш, ги истера жителите на оваа земја пред Својот Израелски народ и му ја даде засекогаш на потомството на Својот пријател Авраам;
8. и се населија во неа и Му изградија во неа Светилиште на Твоето Име, велејќи:
9. ’Кога ќе навали врз нас некакво зло, одмазднички меч или помор, или глад, та кога ќе застанеме пред овој Дом и пред Тебе, зашто Твоето Име е во овој Дом, и кога ќе извикаме кон Тебе во својата неволја, послушај нè и спаси нè.’
10. Еве, сега Амоновите и Моавовите синови, и оние од Сирската Гора, преку кои не му дозволи на Израел да помине кога доаѓаше од Египетската Земја, туку ги заобиколи и не ги сотре -
11. и така, сега тие ни враќаат со зло доаѓајки да нè истераат од наследството кое Ти ни го даде.