2 Летописи 17:12-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Така Јосафат напредуваше сè повеќе додека не стана многу голем. Изгради во Јудеја стражарници и градови - складишта.

13. Имаше многу работи во јудејските градови, а храбри јунаци во Ерусалим.

14. Еве го нивниот попис според семејствата: од Јудиното племе илјадниците: началникот Адна и со него триста илјади храбри јунаци;

15. до него началникот Јоанан и со него двеста и осумдесет илјади;

16. по него Зихриевиот син Амасиј, кој се стави подготвено во Господова служба, со двеста илјади храбри јунаци.

17. Од Венијаминовото племе: храбриот јунак Елијад и со него двеста илјади луѓе вооружени со лак и со штит;

2 Летописи 17