2 Летописи 15:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Божјиот Дух слезе на Одидовиот син Азариј.

2. Тој излезе пред Аса и му рече: „Чујте ме, Асо и сето Јудино и Венијаминово племе! Господ е со вас, зашто вие сте со Него; и ако го барате, ќе Го најдете; ако Го оставите, и Тој ќе ве остави вас.

3. Долго Израелците беа без вистинскиот Бог и без свештеник - учител и без Закон.

4. Кога во неволја Му се обратија на Господа, на Израелевиот Бог, и почнаа да Го бараат, Го најдоа.

5. Во тоа време никој не можеше ни да излегува ни да доаѓа, зашто големи немири владееја меѓу сите земни жители.

2 Летописи 15