2 Летописи 14:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Затоа Аса им рече на Јудејците: „Да ги доградиме овие градови и да ги заградиме со ѕид и со стражарници, со врати и со лостови; уште е наша земјата пред нас, зашто го баравме Господа, својот Бог; го баравме, и Тој ни даде мир од сите страни!” Така градеа и беа успешни.

8. Аса имаше војска триста илјади луѓе од Јудејците, кои носеа штит и копје, а од Венијаминовото племе двеста и осумдесет илјади, кои носеа штит и оптегнуваа лак. Сите беа храбри јунаци.

9. Етиопецот Зара излезе против нив со илјада илјади воини и со триста бојни коли и дојде до Мариса.

2 Летописи 14