2 Летописи 13:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Околу него се собраа ништожни и лоши луѓе и почнаа да му се противат на Соломоновиот син Ровоам, кој беше млад и со страшливо срце, та не умееше да се брани храбро од нив.

8. Па сега мислите дека можете да му се спротивите на Господовото Царство што е во раката на Давидовите синови, зашто вас ве има мошне многу и ги имате кај себе златните телиња, кои ви ги направи Јеровоам за да ви бидат богови.

9. Ги истеравте Господовите свештеници, Ароновите синови и левитите, и си поставивте за себе свештеници како другите земни народи. Секој што дојде со јунец и со седум овни, им стана свештеник на вашите ништожни богови.

10. Нам ни е Бог Господ, не Го оставивме, а свештениците кои Му служат на Господа се Аронови синови и левити во својата работа.

11. Му палат на Господа жртви паленици и мирислив темјан секое утро и секоја вечер, ги ставаат лебовите на чистиот стол, и го палат секоја вечер златниот светилник со светилата; зашто ние ја пазиме наредбата на Господа, својот Бог, а вие Го оставивте.

12. Затоа, еве, нам ни се на чело Бог и неговите свештеници со гласни труби за да свират грмливо против вас. Израелеви синови, не војувајте против Господа, Бога на своите татковци, зашто не ќе имате успех!”

2 Летописи 13