2 Летописи 13:16-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Израелевите синови избегаа пред Јудејците, и Бог им ги предаде ним во рацете.

17. Авиј со народот изврши голем колеж меѓу нив, та од Израелците паднаа погубени пет стотини илјади одбрани луѓе.

18. Така Израелевите синови беа понижени во тоа време, а Јудините синови зајакнаа, зашто се потпреа на Господа, на Бога на своите татковци.

2 Летописи 13