2 Летописи 1:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш Соломон му се обрати на сиот Израел, на илјадниците, на стотниците, на судиите, на сите израелски кнезови, на главите на семејствата,

3. та Соломон и сиот собир со него се искачија на возвишението кое беше во Гаваон, зашто таму беше Шаторот на средбата што го подигна Мојсеј, слугата Божји, во пустината.

4. Давид го пренесе Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим до местото што самиот го подготви за него; зашто беше подигнал Шатор во Ерусалим.

5. Бронзениот жртвеник што го направи Веселеил, синот на Оровиот син Уриј, беше таму пред Господовиот Шатор, каде дојдоа Соломон и собирот за да му се обратат.

2 Летописи 1