2 Коринќаните 7:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. и не само со неговото доаѓање, туку и со утехата, со која тој се утеши заради вас, известувајќи нè за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност за мене, така што се зарадував уште повеќе.

8. Зашто, ако ве и нажалив со ова писмо, не се кајам. Па ако сум се и покајал, навистина гледам дека посланието ве натажи, ако и за малку, -

9. сега се радувам; не заради тоа што се нажаливте, но дека се нажаливте за покајание; зашто се нажаливте по Бога, така, за да не бидете оштетени од нас во што и да е.

2 Коринќаните 7