2 Коринќаните 5:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. А сè ова е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето,

19. зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето.

20. Според тоа, ние сме пратеници на Христа - на тој начин што Бог моли преку нас. Молиме во името на Христа: помирете се со Бога!

21. Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.

2 Коринќаните 5