2 Јован 1:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто многу измамници излегоа во светот, кои не исповедаат дека Исус Христос дојде во тело; - тоа е измамник и антихрист.

8. Пазете се да не го изгубите она што сме го спечалиле, туку да примите полна награда.

9. Секој, кој оди натаму и не останува во Христовата наука, Го нема Бога. Кој останува во Христовата наука, тој Го има и Таткото и Синот.

2 Јован 1