1 Цареви 4:6-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Ахисар, управител на дворецот; Елијав, синот Јоевов, заповедник на војската; Адонирам, синот Авдин, настојник над трудбениците.

7. Соломон имаше по сиот Израел дванаесет намесници, кои што ги снабдуваа царот и неговиот дом; секому му доаѓаше ред по еден месец во годината да го подмирува тоа издржување.

8. Еве ги нивните имиња: синот Уров во Ефремовата Гора;

9. синот Декеров во Макаса, во Салвим, во Вет Семес, во Елон до Вет Ханан;

10. синот Еседов, во Арувот; под него беше Сохо и сиот Еферски крај;

11. синот Авинадавов, над сето Дорско Окружје; жена му беше Тафе, Соломонова ќерка,

12. Вана, синот Ахилудов, во Тенахом и во Мегидон, и во сиот Вет Сан, што е покрај Сартана подолу од Езраел, од Вет Сана до Авел Меол, и до преку Јокмеам.

13. синот Геверов во Галадскиот Рамот; негови беа селата на Јаир, синот Манасиев, што се во Галад; го имаше и подрачјето Аргов што лежи во Васан, шеесет тврди градови, опашани со ѕидови и со бронзени лостови;

14. Ахинадав, синот Идов, во Маханаим;

15. Ахимас во Нефталим; и тој се ожени со една Соломонова ќерка - со Васемата.

16. Ванес, синот Хусаев, во Асир и на висорамнините;

17. Јосафат, синот Фаруин, во Исахар;

18. Симеј, синот Илин, во Венијамин;

19. Гевер, синот Уриев во земјата Галад, земјата на Сион, аморејскиот цар, и на Ог, васанскиот цар. Освен тоа беше уште еден намесник во земјата.

20. Јуда и Израел беа многубројни, беа како песок на морскиот брег. Јадеа и пиеја и беа среќни.

1 Цареви 4