1 Цареви 2:42-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Царот го повика Симеја и му рече: „Не се заколнав ли во Господа и нели те опоменав строго: ‘Во оној ден кога ќе излезеш и ќе тргнеш било каде, знај добро дека ќе умреш!’ А ти ми одговори тогаш: ‘Добар е зборот што го чув.’

43. Зошто не ја запази Господовата заклетва и заповедта што ти ја дадов?”

44. Уште му рече царот на Симеја: „Ти го знаеш сето зло што си му го сторил на татака ми Давида. Твоето срце е свесно за тоа. Господ нека направи твоето зло да се врати на твојата глава.

1 Цареви 2