1 Цареви 19:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Потоа легна и заспа. Ама ете, ангел го допре и му рече: „Стани и јади.”

6. Тој погледна, кога ете - покрај неговото возглавје: леб печен на камен и врчва со вода. Јадеше и пиеше, па пак легна.

7. Но Господовиот ангел се јави и по вторпат, го допре и рече: „Стани и јади, зашто пред тебе е далечен пат!”

8. Стана, јадеше и пиеше. Закрепнат од таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноќи сè до Божјата Гора Хорив.

1 Цареви 19