1 Цареви 11:37-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Ќе те земам тебе за да царуваш над сè што ќе посакаш и за да бидеш цар над Израел.

38. Ако ги послушаш сите тие заповеди, и ако врвиш по Моите патишта, та ако правиш што е праведно во Моите очи пазејќи ги Моите закони и Моите заповеди, како што го правеше тоа Мојот слуга Давид, тогаш Јас ќе бидам со тебе, и ќе ти изградам траен дом, како што му изградив на Давида, и ќе ти го дадам Израел;

39. ќе ги понижам Давидовите потомци, ама не засекогаш.’”

40. Затоа Соломон бараше да го убие Јеровоама, ама тој побегна во Египет, и остана во Египет до Соломоновата смрт.

1 Цареви 11