1 Цареви 11:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Имаше седум стотини кнежевски жени и три стотини соложници. Неговите жени го заведуваа неговото срце.

4. И кога Соломон остаре, неговите жени му го свртија срцето кон други богови, и неговото срце веќе не Му припаѓаше потполно на Господа како што Му припаѓаше срцето на неговиот татко Давид.

5. Соломон одеше по Астарота, божица на Сидонците, и по Мелхома, срам на Амонците.

6. Правеше она што не беше право во очите на Господа, и не Му се покоруваше сосем на Господа како што Му се покоруваше неговиот татко Давид.

7. Така Соломон им изгради високи места на Хемос, на гадот Моавски, на гората источно од Ерусалим, и на Молох, срамот на Амонците.

8. Тоа го направи за сите свои жени туѓинки, кои што им принесуваа кадеж и жртви на своите богови.

1 Цареви 11