1 Цареви 1:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога царот Давид остаре и напредна во годините; иако го покриваа со многу покривачи, не можеше да се згрее.

2. Тогаш неговите слуги му рекоа: „Треба да се побара за господарот млада девојка, која ќе стои при царот и ќе му служи: кога ќе спие на неговото крило, тоа ќе го стопли господарот.”

3. И така побараа убава девојка низ сета Израелска Земја; и ја најдоа Сунамката Ависага, та му ја доведоа на царот.

4. Девојката беше вонредно убава; го негуваше царот и му служеше, ама тој не ја позна.

5. Тогаш Адониј, синот Агитин, се возгордеа и помисли: „Јас ќе бидам цар!” Затоа си набави кола и коњаници и педесет луѓе кои одеа пред него.

1 Цареви 1