1 Тимотеј 6:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Бори се во добрата борба на верата, зграби го вечниот живот, за кој си повикан, и за кого си дал добра исповед пред многу сведоци!

13. Ти заповедам пред Бога, Кој оживува сè и пред Христа Исуса, Кој пред Понтие Пилат ја посведочи добрата исповед,

14. да ја пазиш заповедта чиста и непорочна до јавувањето на нашиот Господ Исус Христос,

15. кое - во свое време, ќе Го открие блажениот и единствениот Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите;

16. Кој единствено има бесмртност, живеејќи во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да Го види. Нему чест и вечна сила. Амин!

1 Тимотеј 6