2. А Давид му одговори на Ахиса: „Добро! Сега ќе видиш што ќе направи твојот слуга!” А Ахис му одговори на Давида: „Добро! Затоа ќе те поставам да бидеш мој чувар довека.”
3. Самоил беше умрел, и сиот Израел го оплака тажејќи по него. Го закопаа во неговиот град Рама. А Саул ги беше истерал од земјата сите повикувачи на духови и врачеви.
4. Додека Филистејците се собираа та дојдоа и се влогорија кај Суним, Саул ги собра сите Израелци та се влогори во Гелвуе.
5. Кога Саул го здогледа филистејскиот логор, се исплаши и срцето му затрепери силно.