1 Самоилова 24:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Но после го печеше совеста Давида зашто го отсече скутот од Сауловиот плашт,

6. па им рече на своите луѓе: „Да ме чува Господ да му направам такво нешто на својот господар, да кренам рака на него, зашто е Господов помазаник.”

7. И Давид ги укори со остри зборови своите луѓе и не им дозволи да станат против Саула. А Саул излезе од пештерата и тргна по својот пат.

8. Потоа Давид стана и викна по Саула: „Господару цару!” А кога Саул се обѕрна, Давид се фрли ничкум на земјата и му се поклони.

9. Тогаш Давид му рече на Саула: „Зошто ги слушаш луѓето што ти зборуваат дека Давид ти крои тебе пропаст?

1 Самоилова 24