1 Самоилова 23:26-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со своите луѓе по другата страна на планината. Давид мошне иташе за да му избега на Саула. Кога Саул со своите луѓе сакаше да премине на другата страна за да ги опколи Давида и неговите луѓе и за да ги фати,

27. дојде гласник кај Саула со порака: „Дојди побрзо, Филистејците навлегоа во земјата!”

28. Тогаш Саул се одрече од потерата по Давида и се заврте против Филистејците. Затоа она место беше наречено: Села-Амалекот (Клисура на Разминувањето).

1 Самоилова 23