3. Оттаму Давид отиде во Миспа во Моавската Земја и му рече на моавскиот цар: „Дозволи мојот татко и мојата мајка да се засолнат кај вас додека не видам што ќе направи Бог со мене.”
4. И ги остави кај моавскиот цар, и тие останаа кај него сè додека Давид беше во скривалиштето.
5. Ама пророкот Гад му рече на Давида: „Не останувај во своето засолниште, туку оди и навлези во Јудината Земја.” И Давид отиде и навлезе во Аретската Гора.