1 Самоилова 21:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Давид се замисли за тие зборови и многу се исплаши од гатскиот цар Ахис.

13. Тогаш Давид почна да се преправа пред нив како да е умоболен и се владееше како безумник во нивните раце: тропаше по вратите и оставаше да му тече лига низ брадата.

14. Тогаш Ахис им рече на своите дворјани: „Гледате добро дека човекот е безумник! Зошто го доведувате кај мене?

15. Зар немам доста безумници та ми го доведувате овој, за да ми додева со своето лудило? Зар тој ќе влезе во мојата куќа?”

1 Самоилова 21