1 Самоилова 21:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давид дојде во Ноб кај свештеникот Ахимелех. Овој треперејќи тргна во пресрет на Давида и го праша: „Зошто си сам и нема никој со тебе?”

2. А Давид му одговори на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде налог и ми рече: ‘Никој нека не знае зошто те праќам и што ти заповедав!’ А момчињата ги испратив да ме пречекаат на тоа и тоа место.

3. А сега ако имаш при рака пет лебови, дај ми ги, или нешто што ќе се најде!”

4. А свештеникот му одговори на Давида: „Немам при рака обичен леб, туку само свет леб; ама само ако твоите момци се воздржале од жена.”

5. Давид му одговори на свештеникот вака: „Сосем безбедно! Жените ни беа воздржани, како и порано кога јас излегував, и телата на момците се чисти. Иако е ова обичен пат, навистина денес се чисти со телата.”

1 Самоилова 21