1 Самоилова 17:52-55 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

52. Тогаш станаа Израелците и Јудејците и извикувајќи ги спотераа Филистејците до окопите околу Гат и до градските врати на Акарон; филистејските мртви го покрија патот од Сараим сè до Гат и до Акарон.

53. Тогаш Израелците се вратија од таа жестока потера по Филистејците и го ограбија нивниот логор.

54. А Давид ја зеде главата на Филистеецот и ја однесе во Ерусалим, а неговото оружје го стави во својот шатор.

55. Кога Саул го виде Давида како излегува пред Филистеецот, го праша својот војвода Авенир: „Чиј син е тој младинец, Авенире?” А Авенир одговори: „Жив да ми е твојот живот, цару не знам!”

1 Самоилова 17