1 Самоилова 17:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Филистејците стоеја на гората од едната страна, Израелците на гората од другата страна, а долината беше меѓу нив.

4. Од филистејските редови излезе еден предизвикувач. Се викаше Голијат, а беше од Гат. Беше висок шест лакти и една педа.

5. На главата имаше бронзена кацига, беше облечен во лушпест оклоп, а оклопот му беше тежок пет илјади бронзени сикли.

6. На нозете имаше бронзени ногалки, а на рамената бронзен штит.

7. Дршката на неговото копје беше како ткајачко кросно, а врвот на копјето тежеше шест стотини железни сикли. Пред него врвеше штитоносец.

1 Самоилова 17