1 Самоилова 17:2-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. А Саул и Израелците се собраа и се влогорија во Теребинската Долина и се наредија за бој против Филистејците.

3. Филистејците стоеја на гората од едната страна, Израелците на гората од другата страна, а долината беше меѓу нив.

4. Од филистејските редови излезе еден предизвикувач. Се викаше Голијат, а беше од Гат. Беше висок шест лакти и една педа.

1 Самоилова 17