1 Петар 3:14-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. А ако и страдате заради правдата, бидете блажени! „Не плашете се, ниту се збунувајте од нивните закани,”

15. туку осветувајте Го во своите срца Христа како Господа, секогаш подготвени за одговор на секого, кој ја бара причината на надежта, која е во вас, но со кротост и со страв,

16. имајќи добра совест, та оние кои го навредуваат вашето добро поведение во Христа, да се посрамат за она за што ве клеветат.

1 Петар 3