1 Петар 2:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Заради Господа покорувајте и се на секоја човечка власт: било на цар, како врховник,

14. било на управителите, како негови пратеници, за да ги казнуваат злосторниците, а да ги пофалуваат оние, кои прават добро!

15. Зашто ова е Божја волја: правејќи добро да го замолкнете незнаењето на неразумните луѓе,

16. како слободни; и не како оние, кои ја употребуваат слободата како покрив на злобата, туку како Божји слуги!

1 Петар 2