1. И така, положете ги настрана: секоја злоба и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секаква клевета.
2. Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение,
3. ако сте вкусиле дека Господ е добар.
4. Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен,
5. та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.
6. Зашто пишува во Писмото: „Еве, поставувам во Сион аголен Камен, одбран и скапоцен; и кој верува во Него, нема да се посрами.”