1 Петар 2:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И така, положете ги настрана: секоја злоба и секаква измама, и лицемерство, и завист, и секаква клевета.

2. Како новородени деца, копнејте по чисто духовно млеко на словото, за да пораснете преку него за спасение,

3. ако сте вкусиле дека Господ е добар.

4. Пристапете при Него, живиот Камен, Кого навистина луѓето Го отфрлија, но Кој е од Бога избран, и скапоцен,

5. та дозволете од самите вас, како живи камења, да се изгради духовен дом, свето свештенство, за да принесувате духовни жртви, кои Му се пријатни на Бога, преку Исуса Христа.

1 Петар 2