1 Летописи 9:28-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа.

29. Некои од нив се грижеа за покуќнината, за сите посветени работи, за чистото брашно, за виното, за маслото, за темјанот и за мирисите;

30. а некои од свештеничките синови правеа маст од тие мириси.

31. Мататиј, еден од левитите, првенец на Салум Кореецот, се грижеше за работите што се печеа во сад за пржење.

1 Летописи 9