1 Летописи 7:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Нефталимови синови: Јасил, Гунуј, Есер и Салум, Валини синови.

14. Манасиеви синови: Азрил, кого го роди Манасиевата соложница Арамејка; таа го роди и Махир, таткото Галадов.

15. Махир се ожени од Уфеј и од Суфеј, сестра им се викаше Мака; името на другиот му беше Салпад, а Салпад имаше ќерки.

16. Махировата жена Мака роди син, кому му го даде името Фарес. На брат му му го даде името Серес, а негови синови беа Улам и Ракем.

17. Уламов син: Ведан. Тоа се синовите на Галад, синот Махиров, синот Манасиев.

18. Неговата сестра Амолекета ги роди: Исуд, Авиезер и Мала.

19. Семидини синови беа: Ахијан, Сихем, Лихиј и Анијам.

1 Летописи 7