1 Летописи 6:66-74 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

66. На оние кои беа од родовите на Каатовите синови, та добија со жрепка градови од Ефремовите племиња,

67. им ги дадоа како градови - прибежишта Сихем со пасиштата во Ефремовата Гора и Гезер со пасиштата,

68. Јокмеам со пасиштата, Вет-Орон со пасиштата,

69. Ејалон со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата.

70. Од половината Манасиево племе им ги дадоа на родовите на другите Каатови синови: Анир со пасиштата и Вилеам со пасиштата.

71. На Гирсоновите синови синови им ги дадоа од родовите на половината Манасиево племе Голан во Васан со пасиштата и Астарот со пасиштата.

72. Од Исахаровото племе Кедес со пасиштата, Даврат со пасиштата,

73. Рамот со пасиштата и Аним со пасиштата.

74. Од Асировото племе Масал со пасиштата, Авдон со пасиштата,

1 Летописи 6