1 Летописи 4:25-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Негов син беше Салум, а негов син е Мивсам, негов син Мисма.

26. Мисмини синови беа: Амуил, син му, и неговиот син Захур, и неговиот син Симеј.

27. Симеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки; неговите браќа немаа многу синови, и сите нивни семејства не беа толку многу колку Јудините синови.

28. Живееја во Вир-Савеја, во Молада и во Асар-Саул,

29. во Вала, во Асем, во Толад,

30. во Ветуил, во Орма, во Сиклаг,

31. во Вет-Мархавот, во Асар-Сусим, во Вет-Виреја и во Сараим. Тоа беа нивни градови до Давидовото царување.

32. А нивни населби беа: Итам и Аин, Римон, Тохен и Асан, пет градови.

1 Летописи 4