1 Летописи 28:6-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. И ми рече: ‘Твојот син Соломон ќе Ми ги изгради Мене Мојот Дом и Моите дворови; зашто него си го избрав за син, и Јас ќе Му бидам Татко.

7. Ќе го утврдам неговото царство за секогаш ако ги врши постојано Моите заповеди и Моите закони како денес .’

8. И така, сега, пред очите на сиот Израел, на Господовиот собир, и пред својот Бог, Кој нè слуша, велам: пазете ги и барајте ги сите заповеди на Господа, својот Бог, за да ја задржите во сопственост оваа добра земја и за да им ја оставите во наследство на своите синови по себе довека.”

9. ”А ти, сине мој Соломоне, познај Го Бога, својот Татко, и служи Му со сето срце и со драговолна душа, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите мисли и намери; ако Го бараш, ќе биде најден од тебе; ако Го оставиш, ќе те отфрли засекогаш.

10. Разбери сега дека Господ те избра за да градиш Дом за Светилиштето, биди јунак и работи!”

11. Тогаш Давид му го предаде на својот син Соломона нацртот на тремот, на неговите куќи, на ризницата, на горниците, на внатрешните соби и на Домот за Ковчегот;

12. нацртот на сè што му дојде преку Духот за дворовите на Господовиот Дом, за сите соби наоколу, за сокровиштето на Божјиот Дом, за ризницата на посветените работи,

13. за свештеничките и левитските редови, за секоја службена работа во Господовиот Дом и за сите службени садови во Господовиот Дом:

14. злато во прачки, злато потребно за сите златни посатки на оваа или онаа служба; сребро во прачки потребно за сите сребрени посатки, за сите посатки на оваа или онаа служба;

15. прачки за златни светилници со златни светилки, според тежината на секој светилник и на неговите светилки, и за сребрените светилници според тежината на секој светилник и на неговите светилки, според намената на секој светилник;

16. злато во прачки за столовите на кои ќе стојат лебните приноси, за секој стол; сребро за сребрените столовите,

17. за вилушки и за котлиња, за садови од чисто злато, за златни чаши, злато во прачки за секоја чаша; за сребрени чаши, сребро во шипки за секоја чаша,

1 Летописи 28