1 Летописи 28:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Разбери сега дека Господ те избра за да градиш Дом за Светилиштето, биди јунак и работи!”

11. Тогаш Давид му го предаде на својот син Соломона нацртот на тремот, на неговите куќи, на ризницата, на горниците, на внатрешните соби и на Домот за Ковчегот;

12. нацртот на сè што му дојде преку Духот за дворовите на Господовиот Дом, за сите соби наоколу, за сокровиштето на Божјиот Дом, за ризницата на посветените работи,

13. за свештеничките и левитските редови, за секоја службена работа во Господовиот Дом и за сите службени садови во Господовиот Дом:

14. злато во прачки, злато потребно за сите златни посатки на оваа или онаа служба; сребро во прачки потребно за сите сребрени посатки, за сите посатки на оваа или онаа служба;

15. прачки за златни светилници со златни светилки, според тежината на секој светилник и на неговите светилки, и за сребрените светилници според тежината на секој светилник и на неговите светилки, според намената на секој светилник;

16. злато во прачки за столовите на кои ќе стојат лебните приноси, за секој стол; сребро за сребрените столовите,

17. за вилушки и за котлиња, за садови од чисто злато, за златни чаши, злато во прачки за секоја чаша; за сребрени чаши, сребро во шипки за секоја чаша,

18. за кадилниот жртвеник пречистено злато во прачки; за нацртот на колата со златни херуви кои ќе го засолнуваат Господовиот Ковчег на Заветот со раширени крилја.

19. ”Сè тоа - рече Давид - во склад со она што Господ ми даде да напишам со сопствена рака, за да Го објасни целото дело за кое Тој набави нацрт.”

1 Летописи 28