1 Летописи 17:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Додека одев со сиот Израел, дали му реков еден збор на некој од израелевите судии, на кои им заповедав да му бидат пастири на Мојот народ, и дали му кажав: ‘Зошто не Ми изградите куќа од кедрово дрво?’”‘

7. Затоа сега речи му го ова на Мојот слуга Давид: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Јас те доведов од пасиштата, од овците и од козите, за да бидеш кнез над Мојот Израелски народ.

8. Бев со тебе каде и да одеше, ги истребив сите твои непријатели пред тебе. Јас ќе ти набавам големо име, како што е името на големците на земјата.

9. Ќе му одредам престојувалиште на Својот Израелски народ и ќе го посадам за да живее на свое место и да не скита веќе наоколу, ниту да го измачуваат неправедниците како порано,

10. тогаш кога одредив судии над Својот Израелски народ. Ќе ги покорам сите твои непријатели и ќе те направам голем, Господ ќе ти подигне дом.

1 Летописи 17