1 Летописи 15:19-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А пејачите Еман, Асаф и Етан удираа громко во бронзените кимвали.

20. А Захариј, Азил, Семирамот, Ехил, Униј, Елијав, Масиј и Венаја во псалтири со високи звуци;

21. а Мататиј, Елифел, Микнеј, Овид-Едом, Елиј и Азазиј во гуслиња, во осминска придружба.

22. Хенаниј, кнезот на оние левити кои го носеа Ковчегот, управуваше со пренесувањето, зашто беше вешт.

23. Варахиј и Елкана беа вратари кај Ковчегот.

24. Севаниј, Јосафат, Натанаил, Амасај, Захариј, Венаја и Елиезер, свештеници, трубеа во труби пред Божјиот Ковчег; Овид-Едом и Ехиј беа вратари кај Ковчегот.

1 Летописи 15