1 Летописи 12:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. умееја да ракуваат со лакот и со десницата и со левицата, и знаеја да се служат со камења и со стрели. Од Сауловите браќа, Венијаминовците:

3. началникот Ахиезер и Јоас, синови на Гаваецот Семај, па Езил и Фелет, синови Азмаветови, и Верах и Јуј Анатотец;

4. Гаваонец Исмај, јунак меѓу триесетмината и над триесетмината, Еремиј, Јазаил, Јоанан и Јозавад Гедиротец;

5. Елузај, Еримот, Валиј, Семариј и Сефатиј Аруфец;

6. Елкана, Есиј, Азареил, Јоезер и Јасовеам, Кореовци;

1 Летописи 12