1 Коринќаните 16:7-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Зашто не сакам да ве видам сега само на минување; но, се надевам да останам некое време при вас, ако Господ дозволи.

8. Во Ефес ќе останам до Педесетницата,

9. зашто ми се отвори за работа голема и делотворна врата, а противниците се многу.

10. Ако дојде Тимотеј, гледајте да биде без страв меѓу вас, зашто и тој го работи Господовото дело како и јас.

11. Затоа никој да не го презира! Испратете го во мир, да дојде при мене, зашто го чекаме со браќата.

1 Коринќаните 16