1 Коринќаните 15:53-57 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

53. зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо; и ова смртното да се облече во бесмртност.

54. А кога, ова, распадливото ќе се облече во нераспадливост; и, ова, смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта.

55. Смрт, каде ти е победата? Смрт, каде ти е осилото?”

56. Осилото на смртта е гревот; а силата на гревот е законот.

57. Но, фала Му на Бога, Кој ни даде победа преку нашиот Господ Исус Христос.

1 Коринќаните 15